
По трите меѓусебни порази во низа, АК Барс Казањ славеше над Авангард Омск, поразувајќи го со 2-3 после продолжение.
Во првата третина, ,,Јастребите” поведоа со 2-0 преку Иван Телегин и Арсени Грицјук.
Сепак, во вториот период, гостите израмнија на 2-2, благодарение на Дмитри Кагарлицки и на Никита Динјак, а конечен триумф донесе Дмитри Јудин после неполни три дополнителни минути.
Во Источната конференција, Авангард го зазема шестото, а АК Барс – седмото место.