
Публиката во германскиот Оберхоф беше наградена од златниот медал на домашната натпреварувачка – Денизе Херман-Вик (21:19,7).
Имено, Германката дојде до второто светско злато во кариерата, откако стана нова светска шампионка во спринт на 7,5 километри.
На второто и на третото место завршија Швеѓанките Хана Оберг (+2,2) и Лин Персон (+26,2), кои исто како и новата првакиња, имаа стопроцентен стрелачки учинок.
Поради еден промашај, без одличје останаа Марте Олсбу Роиселанд (+31,3) и Лиза Витоци (+45,8), а под една минута заостануваа уште: Маркета Давидова (+50,5), Софија Шнајдер (+57,6), Полона Клеменчич (+58,1) и Ана Магнусон (+58,8).