На првото натпреварување од Светскиот куп во ски скокови во Хинценбах (Австрија) до триумф дојде Ева Пинкелних.
Домашната натпреварувачка ја одбрани предноста од првата серија, победи по шести пат сезонава и дополнително го зголеми водството во генералниот пласман.
На втората позиција се искачи Ема Клинец, додека дебитантскиот подиум во кариерата го освои Ника Превц, односно сестрата на познатите браќа Петер, Цене и Домен Превц, која надомести четири позиции со вториот скок.
Четвртото и петтото место ги зазедоа Катарина Алтхаус и Александрија Лути, а во топ 10 се најдоа уште: Кјара Кројцер, Зелина Фрајтаг, Сара Таканаши, Ана Одине Стром и Абигејл Стрејт.