Вецлар официјално го промовираше македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски. Битолчанецот потпиша договор со Вецлар до крајот на следната сезона, со можност соработката да биде продолжена за уште една сезона.
Македонскиот репрезентативец во Вецлар ќе соработува со легендата на нашиот ракомет Филип Миркуловски кој работи во стручниот штаб на овој тим.