
Саботниот ден од натпреварувачкиот викенд во Антолц (Италија) од Светскиот куп во биатлон, беше резервиран за потерите, базирани на последните спринтови.
Кај дамите, осмата победа во кариерата ја запиша Денизе Херман-Вик (29:53,1), завршувајќи пред Лиза Витоци (+11,0), која со стопроцентниот стрелачки учинок надомести единаесет позиции.
На третото место се пласираше Елвира Оберг (+17,2) пред нејзината сестра, Хана Оберг (+21,5) и пред Марте Олсбу Роиселанд (+25,4).
Во машка конкуренција и покрај двата промашаи, Јоханес Тингнес Бо (31:24,4) ја оправда фаворитската улога и дојде до седмата победа во низа.
На подиумот се најдоа истите скијачи како и вчера, но со обратен редослед – втор беше Штурла Холм Лагреид (+40,2), а трет – Мартин Понсилуома (+1:02,1).
Во продолжение, пласманот во топ 5 го комплетираа Роман Реес (+1:34,3) и Јоханес Дале (+2:00,8).