
Првото натпреварување од Светскиот куп во крос-кантри по завршувањето на Тур д Ски беше денешниот спринт во Ливињо, Италија.
Во женска конкуренција, целосен хет-трик на подиумот направи Шведска со тоа што првите три места ги освоија Јона Сундлинг (2:45,70), Маја Далквист (+1,05) и Ема Рибом (+1,30).
Во финалето, исто така, се пласираа уште Надин Фендрих (+1,47), Лин Сван (+3,32) и Џулија Керн (+7,34).
Кај мажите, лидерот во генералниот поредок, Јоханес Клебо (2:28,38), во завршниот спринт го доби Французинот Ришар Жув (+0,35).
Третото место му припадна на Швајцарецот Јаник Рибли (+1,44), а по него следуваа Паал Голберг (+2,93), Валерио Гронд (+3,66) и Рено Же (+10,07).