
Даблин дојде до јубилејната шеесетта титула на Леинстер, откако во провинциското финале го совлада Килдер со (5-17) 32-18 (1-15).
Претставниците на главниот град на Ирска ја решија целата работа во своја корист уште во првото полувреме, кое го добија со (5-07) 22-6 (0-06).
Во мечот, кој им ја донесе дванаесеттата регионална круна во низа на ,,Сините”, головите ги постигнаа Кормак Костело (2-01), Кон О’Калахан (1-05), Киран Килкени (1-00) и Џон Смол (1-00).
Од поразениот состав, најефикасни фудбалери беа Џими Хајленд (1-04) и Бен МекКормак (0-05).
На патот до финалето, Даблин ги порази Вексфорд и Мит, додека Килдер беше подобар од Лаут и од Вестмит.
Новата титула му донесе на Даблин директен пласман во четвртфиналето на Ол-Ајрленд Сениор Фудбал Чемпионшип, а Килдер ќе ја продолжи сезоната во втората квалификациска рунда.