
Њујорк Ренџерс изборија ,,мајсторка”, која ќе го одлучи последниот патник во полуфиналето на НХЛ.
Имено, во шестиот меѓусебен четвртфинален дуел против Каролина Хурикејнс, Ренџерс триумфираа со 5-2.
Во четвртата минута од втората третина, ,,Ренџерите” водеа со 3-0 што резултираше со промена на голманската позиција кај гостите.
Наместо стартерот Анти Раанта, помеѓу стативите застана Пјотр Кочетков, а до крајот, двете екипи успеаја да постигнат по два погодоци.
Домаќините имаа одлична реализација од високи 20% (5/25), а во листата на стрелците се запишаа Тајлер Мот, Мика Зибанеџад, Филип Хитил (х2) и Артеми Панарин.
Од друга страна, мрежата на Игор Шестјоркин, кој имаше и две асистенции, ја затресоа поранешниот ,,Ренџер”, Брејди Скјеи и Винсент Трочек.