
Далас Маверикс дојдоа до првиот четвртфинален триумф, совладувајќи ги Феникс Санс со 103-94 за вкупни 2-1.
Феникс го започна мечот со серија од 9-3, но набргу Маверикс ја презедоа предноста и ја држеа до самиот крај.
Најпрецизен кај победниците беше Џејлен Брансон со 28 поени, а Лука Дончиќ уфрли дабл-дабл од 26 поени, од 13 скокови и од 9 асистенции.
На спротивната страна, две двоцифрени статистики имаше Деандре Ејтон (16 кошеви и 11 скокови), а поефикасни од него беа Девин Букер со 18 и Џеј Краудер со 19 поентирања.