
Минесота Вајлд поведоа со вкупни 2-1 во осминафиналето против Ст. Луис Блус со синоќешната победа од 1-5.
После две третини, гостите водеа со убедливи 0-3, благодарение на головите на Џордан Гринвеј, на Кирил Капризов и на Матс Зукарело.
На стартот на третиот дел, Јоел Ериксон зголеми на 0-4, а Рајан О’Рајли постигна почесен погодок за домашниот состав.
На осум минути пред крајот, Блус презедоа ризик играјќи со празна мрежа, а сето тоа го искористи Јонас Бродин, кој го постави конечниот резултат.