Првиот полуфинален меч од тековната КХЛ сезона го одиграа екипите на ЦСКА Москва и на СКА Ст. Петербург.
До победата, со резултат од 3-0, дојде ЦСКА, која на овој начин поведе со вкупни 1-0 во конференциското финале на Западот.
Главна причина за поразот на СКА беше завршницата на првата третина, кога Иван Телегин и Антон Слепишев им донесоа предност од 2-0 на домаќините во интервал од само 54 секунди.
Вториот период беше сиромашен со шанси што резултираше со останувањето на истиот резултат на семафорот.
Во почетокот на третиот дел, конечниот резултат го постави Максим Шалунов, кој погоди по шести пат во овосезонскиот плејоф.
Што се однесува до голманот на победничкиот состав, Ларс Јохансон, вреди да се напомене дека со 23/23 одбранети противнички удари дојде до осмиот овосезонски шут-аут.
📸 bookmaker-ratings.ru