Во рамките на 39. овосезонско коло од англискиот Чемпионшип, силите ги одмерија Викомб Вондерерс и Блекбурн Роверс.
На овој меч, домаќините од Хај Викомб, кои имаа аутсајдерска улога, успеаја да триумфираат со 1-0.
Единствениот погодок на мечот го постигна Фред Онјединма (47′), кој се запиша во листата на стрелците по вторпат сезонава.
За Вондерерс, ова беше седма овосезонска победа, која ги донесе на само осум бодови од безбедните позиции.
Од друга страна, Блекбурн и покрај поразот, остана на петнаесеттото место.
📸 Twitter: Wycombe Wanderers