Пред неполн месец, Дандалк ги порази Шамрок Роверс во финалето на купот, а денес, фудбалерите од Даблин го возвратија ударот.
Имено, ,,Зелено-белите”, во рамките на третото коло од Премиер Дивижн, славеа над Дандалк со резултат од 2-1.
Во првото полувреме, Роверс поведоа преку дебитантскиот гол на Даниел Мандру (35′), а предноста ја удвои џокерот од клупата – Дилан Вотс (76′).
На една минута до крајот, Патрик Хобан погоди за намалување на предноста на домашниот состав, а со тоа го постави и конечниот резултат.
За шампионите од 2019, ова е втор пораз во низа и со само еден освоен поен го држат осмото место на табелата.
Од друга страна, актуелните шампиони се наоѓаат на четвртата позиција, но со натпревар помалку во однос на конкурентите.
📸 Twitter: SSE Airtricity League