
На трите досегашни меѓусебни пресметки, екипата на Чизре запиша три победи против Бурса.
Во дваесет и третото коло од турската одбојкарска Ефелер лига, претставниците на југоисточна Турција триумфираа со 3-2 или по сетови – 25-22, 27-29, 23-25, 25-16 и 15-13.
На натпреварот и двете екипи имаа по три двоцифрени играчи при што, кај гостите најмногу се истакнаа Алексеј Налобин (13), Мехмет Хаџиоглу (17) и Бредли Гунтер (28).
Од друга страна, од избраниците на Нури Шахин, тоа беа Светослав Иванов (16), Османи Уријарте (22) и Јулијан Винкелмилер (26).
На табелата, Чизре се наоѓа во плејин-зоната на осмото место, додека Бурса ја држи десеттата позиција.