
Фенербахче ја оствари шестата последователна лигашка победа со максимален учинок, откако во дваесет и првото коло од турската одбојкарска Султанлар лига го совлада Кизејбору Генчлик со 3-0.
Претставничките на Истанбул ја оправдаа фаворитската улога на брз начин, добивајќи ги сетовите со 25-15, со 25-18 и со 25-14.
Од поразениот состав, поени постигнаа само пет одбојкарки од кои, најефикасна, со десет поентирања, беше Хана Климетс.
На спротивната страна, од избраничките на Зоран Терзиќ, најмногу се истакнаа Еда Ердем (10), Мелиса Тереза Варгас (10), Ана Кристина Де Соуза (11) и Арина Федоровцева (20).
На табелата, Фенербахче остана на третата позиција, додека Кизејбору го зазема десеттото место.