Стружанка и Пелистер одиграа 16:16 во второто коло од плеј-офот во женската лига.
Во текот на целиот натпревар се играше гол за гол, додека тимот на Стружанка на полувреме водеше со 9:8.
Магдалена Делиоска со 8 гола беше најефикасна кај домаќините и на теренот, додека кај Пелистер најдобри беа Франсоа и Корлевска со по 4 погодоци.