
Вестерн Булдогс ја запишаа четвртата овосезонска победа, откако во увертирата на деветтото коло ги надиграа Колингвуд Мегпајс со (7.9) 51-99 (14.15).
Клучна за цел развој на натпреварот беше почетната серија од 41-2 на Булдогс во првата четвртина.
Актуелните вицешампиони до крајот само ја одржуваа големата разлика, иако номиналните домаќини успеаја да се вратат теоретски во мечот на стартот на четвртиот квартал.
Од победничките редови, хет-трик постигнаа три фудбалери, односно Арон Нотон (3.2), Адам Трелоур (3.1), Буку Хамис (3.1) и Џош Данкли (3.0).
На спротивната страна, како најефикасни се покажаа Џек Крисп (2.0) и Броуди Мајочек (1.2).
На табелата, двете екипи имаат учинок од 4-5 и ги заземаат деветтата и десеттата позиција.