вторник, март 28, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна МАГАЗИН ЗАБАВА

Се одржа 25. издание на Златна бубамара на популарноста

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
мај 13, 2022
📁 ЗАБАВА, МАГАЗИН

Синоќешната јубилејна Златна бубамара на популарноста, со која одбележуваме 25 години постоење, 25 години вреднување на креативната продукција, 25 години пеење и смеење, беше уште една голема прослава на доброто расположение и на добрите резултати.

Доделени се 20 награди во повеќе категории, а постигнати се, во заедничка соработка со публиката во преполната сала „Борис Трајковски“, моменти на радост, трогнатост, гордост и на болка во стомаците – од смеење. Овогодишното издание беше посебно, не само поради сребрениот јубилен на манифестацијата, туку и поради повратничкиот момент на враќање кон нормалната комуникација – со ракување, прегрнување и дружење кои ни недостигаа во изминатите повеќе од две години.

Според реакциите на публиката – манифестацијата го оправда зададеното овогодишно мото – „Да живнеме“.  Така живнати – пренесуваме некои од најбележитите моменти од синокешната манифестација.

Никогаш не ги забораваме најмалите. Извидникот Петар Ачковски Грашко, чија изјава за „неухранетите“ извиднички маки беше неофицијално прогласена за позитива на годината, ги додели наградите на продукцијата за деца. Во видео-поздрав Петар Грашо од Канада, порача дека жали што не може да биде со нас и да ги додели наградите за детските емисии, но сигурен беше дека неговиот истоименик Петар Грашко одлично ќе го стори тоа.

Со години, главен церемонијал мајстор на Златната Бубамара на популарноста е Сашко Коцев, актерот чии скечеви се прераскажуваат со денови по секоја манифестација и кој коментираше се – од вакцините до политичките прилики.

Младите комичари Атанас Атанасовски и Тино Костадиновски, чија популарност на сцената на нивниот матичен театар „Комедија“ ги профилираше како нови снаги на домашниот хумор, беа придружни сили за смеење и добро расположение.

За спортските достигнувања во минатата година – награди Златна буба мара добија теквондистот Дејан Георгиевски, освојувач на сребро на Олимпијадата во Токио, и фудбалската репрезентација на Македонија. Нивното појавување на сцената предизвика огромни аплаузи и изрази на поддршка.

Моментите на национална гордост продолжија и со настапот на пијанистот со светска репутација, Симон Трпчески, кој доби награда како музички амбасадор на Македонија. Неговата изведба на дел од проектот “Македонисимо“, кој претставува сплет од традиционални ора и народни песни во специјална пијанистичка обработка и во нов музички аранжман, беше примен со долготраен аплауз, како што е впрочем и секаде на концертните сцени ширум светот. Трпчески и неговата ќерка Лара, заедно со детскиот хор „Златно славејче“, ја изведоа „За овој свет“, што беше веројатно еден од најтрогнувачките моменти на синоќешната Златна Бубамара.

Вистинска експлозија од емоции на сцената предизвика настапот на кралот на саксафонот Феруз Мустафов, кој доби награда за животно дело.

Награди за животно дело годинава добија и Љупчо Трајковски – Фис, автор на преку 500 песни, меѓу кои и на вистински класици од антологијата на народната музика. На нив се потсетивме и преку видео-клипови, на кои се појавија и многумина кои веќе ги нема, како Пепи Бафтировски, на пример. Добитникот на наградата за трајни музички вредности Наум Петревски и Љупчо Трајковски-Фис имаа драматичен настап на сцената, исполнет со емоции, кој ги допре сите во публиката.

Оваа атмосфера продолжи и во настапот на Наум Петревски со легендарниот гитарист Влатко Стефановски, кои ја изведоа „Има ли песна“.

-Ова го чекав 35 години – изјави Наум Петревски.

Награди за трајни музички вредности добија и Васка Јанковска, пејачка на ромска музика која со години настапуваше со Оркестарот за свадби и погреби на Горан Бреговиќ и која ја отпеа легендарната „Ерделези“, како и рок-легендата Жељко Бебек, кој ги отпеаа 12-те албуми на „Бијело дугме“ и уште 14 соло-албуми.

Награда за трајни музички вредности доби и пејачката на народна музика Благица Павловска.

Можеби, манифестација траеше предолго – 4 часа и 40 минути – но 25-годишниот јубилеј бараше и екстра-напор. Како и секоја година, главното обележје на Златната бубамара е синергијата на изведувачите и необичните комбинации на креативност и вибрации, чие преклопување редовно создава ретки моменти за паметење. Највредното од се е создаденото чувство на долгорочна радост по секое вакво дружење. За следните 25 години! И тие по нив…..

ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) Булдогс се израмнија со Колингвуд на табелата на АФЛ

Следна вест

Талески и Дибиров донесоа финале за Вардар во Купот

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

(Фото+Видео) Ана Стојанова – една од најпознатите фитнес инструкторки во Македонија
ГАЛЕРИИ

(Фото+Видео) Ана Стојанова – една од најпознатите фитнес инструкторки во Македонија

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
26/Мар/2023
(Видео) Најубавата светска пијанистка доаѓа во Македонија
НАСТАНИ

(Видео) Најубавата светска пијанистка доаѓа во Македонија

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
22/Мар/2023
(Видео+Фото) Розевото езеро во Австралија
ПАТУВАЊА

(Видео+Фото) Розевото езеро во Австралија

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
22/Мар/2023
Прекрасното 26. издание на Златна Бубамара на популарноста наскоро и на ТВ
ЗАБАВА

Прекрасното 26. издание на Златна Бубамара на популарноста наскоро и на ТВ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
19/Мар/2023
Следна вест
Вардар и Еурофарм Пелистер со рутински победи

Талески и Дибиров донесоа финале за Вардар во Купот

Последно

(ВИДЕО) Пеликанс во полуфинале после единаесет години

Струга после изненадувањето во Неготино, го пречекува Радовиш (плеј-аут)

Вардар дома со Тиквеш, Охрид гостува во Битола (плеј-оф)

(ВИДЕО) Ајлендерс дојдоа до убедлив триумф над Девилс

Џудистите од Струга одлични на државното за јуниори и деца

(ВИДЕО) Локомотив ја спаси и втората ,,меч-топка” на ЦСКА Москва

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.