
Во второто коло од НРЛ, во дербито на сојузната држава Квинсленд, Бризбејн Бронкос ги совладаа НК Каубојс со 28-16.
,,Каубоите” го започнаа мечот со серија од 10-0, но во продолжение, домаќините направија победничка низа од 22-2, пред да биде постигнат уште по еден полн есеј и на двете страни.
Од редовите на поразениот состав, двете полагања беа дело на Џеремаја Нанаи (3′, 72′), а останатите поени со шутирање ги постигна Валентин Холмс.
На спротивната страна, Адам Рејнолдс имаше 4/6 прецизни шутеви, а топката во противничката енд-зона ја внесоа Курт Кејпвел (33′), Езра Мам (39′, 49′), Котони Стагс (44′) и Рис Волш (76′).
Засега, Бризбејн е единствениот тим со две победи и го држи првото место, додека Каубојс имаат половичен учинок, доволен за единаесеттата позиција.