
Старо-новата шампионка на Светскиот куп во алпско скијање, Микаела Шифрин, дојде до осумдесет и шестата победа во својата кариера, израмнувајќи се на вечната листа со легендарниот Ингемар Стенмарк.
Имено, Шифрин (1:54,64) го израмни рекордот на Швеѓанецот токму во Шведска, откако славеше на денешниот велеслалом во Оре.
Воедно, Американката се закити и со титулата во втората техничка дисциплина, освојувајќи го малиот кристален глобус за првпат после четири години.
На второто место заврши Италијанката Федерика Брињоне (+0,64), а радост на домашната публика и’ донесе третопласираната Сара Хектор (+0,92).
Во продолжение, пласманот во првите пет го комплетираа Петра Влхова (+1,42) и Теса Ворли (+1,78).