
Авангард Омск е првиот тим од Источната конференција на КХЛ, кој избори пласман во четвртфиналето.
Имено, ,,Јастребите”, во првата фаза, го елиминираа Сибир Новосибирск со вкупни 4-1, триумфирајќи во петтиот дуел со 4-3 после продолжение.
Во регуларниот дел беа направени два пресврти, по еден и на двете страни, а од дополнителниот период беа одиграни две и пол минути пред да се одреди конечниот победник.
За Сибир, последните голови во сезоната ги постигнаа Тревор Марфи, Валентин Пјанов и Михал Чајковски.
Од друга страна, победа на Авангард му донесоа Семјон Чистјаков, Владимир Ткачјов, Дамир Шарипзјанов и Зијат Паигин.