Сè до вчера, во историјата на франшизата, Колумбус Блу Џекетс ја имаа рекордната серија од девет последователни порази.
Истата беше прекината синоќа, откако претставниците на Охајо ги добија Детроит Ред Вингс после пенали.
Натпреварот, после 65 минути игра, заврши со резултат од 0-0, а во пенал-серијата, домаќините погодија двапати.
Имено, стрелци за Блу Џекетс беа Патрик Лаине и Оливер Бјоркстранд, додека од Ред Вингс промашија Јакуб Врана и Адам Ерн.
Голманот на победничкиот состав, Елвис Мерзликинс, имаше неверојатна партија, одбранувајќи 41/41 противнички удар, доволно за да го запише вториот шут-аут сезонава.
На табелата на Централната дивизија, Детроит го зазема претпоследното седмо место со бод повеќе во однос на последнопласираниот Колумбус.
📸 Kirk Irwin/Getty Images



