После шесте меѓусебни порази во низа, Колорадо Рокис синоќа успеаја да слават над Сан Франциско Џајантс после продолжение со 5-7.
После регуларните девет ининзи, резултатот гласеше 4-4, а во дополнителниот период Џајантс постигнаа еден, а Рокис – три поени.
Од редовите на поразениот состав, хоум-ран постигнаа Брендон Белт и Брендон Крофорд, а истите играчи беа задолжени и за останатите поени.
Кај Рокис, во листата на поентерите со хоум-ран се запишаа Герет Хемпсон, Рајан МекМен и Си Џеј Крон, а освен нив, четири бази освои и Јонатан Даза.
И покрај триумфот, Рокис (9-14) останаа на последното место во Националната лига, додека Сан Франциско (15-9) го дели првото место со ЛА Доџерс.
📸 Daniel Shirey/Getty Images