Во рамките на синоќешната НБА програма, Далас Маверикс дојдоа до четвртата победа на последните пет средби, откако ги совладаа Голден Стејт Вориорс со 103-133.
Речиси во текот на цел натпревар, Маверикс имаа двоцифрена предност што ја стекнаа уште во првата четвртина со серијата од 25-0.
Најефикасен кошаркар на мечот беше Словенецот Лука Дончиќ со неверојатни 39 поени, 6 скокови и 8 асистенции.
Кај Вориорс, најмногу се истакнаа Сет Кари и Мајкл Малдер со 27, односно со 26 кошеви.
На Западот, Далас (34-27) дојде до шестата позиција, додека Голден Стејт (31-31) и понатаму останува на десеттото место.
📸 Noah Graham/NBAE via Getty Images