Во битката за врвот на Централната дивизија, Каролина Хурикејнс ги совладаа Флорида Пантерс со 5-2.
После дваесет минути игра, Флорида водеше со 1-0, откако мрежата на Петр Мразек ја затресе Александер Барков.
Во вториот период, Каролина израмни на 1-1 преку Винсент Трочек, но 27 секунди подоцна, Барков, со вториот погодок на мечот, ги врати Пантерс во водство.
Третата третина во целост помина во знакот на Хурикејнс, кои постигнаа дури четири погодоци.
Стрелци за домашниот состав во завршните дваесет минути беа Даги Хамилтон, Џордан Стаал (х2) и Јеспер Фаст.
Со овој триумф, Каролина дојде на само два поени заостаток во однос на првопласираниот денешен ривал, притоа имајќи и два натпревари помалку.
📸 Gregg Forwerck/NHLI via Getty Images



