Синоќа, ЛА Анџелс го запишаа вториот овосезонски пораз, откако загубија со 2-4 од Хјустон Астрос.
Имено, во првиот ининг, претставниците на Лос Анџелес поведоа со почетни 2-0, а хоум-ран вреден два поени постигна Мајк Траут.
Веќе во втората деветтина Астрос израмнија на 2-2, а во последниот период успеаја да дојдат до конечниот триумф.
Од гостинскиот состав, топката надвор од теренот ја испратија Кајл Такер, Аледмајс Диаз и Карлос Кореа.
На табелата на Американската лига, Хјустон (5-1) го зазеде првото место, додека ЛА Анџелс (4-2) се третопласирани.
📸 Harry How/Getty Images



