Синоќа, Атланта Хокс дојдоа до четвртата победа во низа, откако ги совладаа Њу Орлеанс Пеликанс со 123-107.
На мечот, Пеликанс успеаја да парираат само едно полувреме, а Хокс, од стартот на третата третина, стекнаа константна предност.
Кај гостите, Зајон Вилијамсон беше најпрецизен со 34 кошеви, а дабл-дабл од 12 кошеви и од 11 асистенции запиша Лонзо Бол.
Од друга страна, Тре Јанг (30 поени и 12 асистенции) беше најкорисен играч на Атланта, а освен него се истакнаа Богдан Богдановиќ (21 поен) и Клинт Капела (12 поени и 12 скокови).
Со овој триумф, Атланта (27-24) остана на четвртата позиција на Истокот, додека Пеликанс (22-28) се единаесетти на Западот.
📸 Todd Kirkland/Getty Images