
На првиот меѓусебен меч во 2021, Барис Нур-Султан го порази Торпедо Нижњи Новгород со резултат од 4-2.
Заклучно со шестата минута од втората третина, казахстанските претставници стекнаа предност од 3-0 со головите на Коди Куник, на Јакоб Лилја и на Линден Веј.
Во продолжение, Артјом Михејев и Зијат Паигин дадоа надеж за интересна завршница, намалувајќи на 3-2, но Лилја, со вториот гол на мечот, го постави конечниот резултат.
Во четиринаесеттата минута од натпреварот, Марк Марин од Торпедо доби дисциплинска казна од 5+20 минути поради жестокиот старт над Кирил Савицки.
Со новите два поени, Барис изби на деветтото место на Истокот, додека Торпедо остана на осмата позиција во Источната конференција.



