
Екипата на Металург Магнитогорск направи нереален пресврт и го порази Динамо Минск после пенали со официјални 5-4.
После две третини, Динамо стекна предност од 0-4 со головите на Александер Суворов, на Артјом Демков, на Адам Алмквист и на Тајлер Граовац.
Во третиот период, Металург направи целосна опсада кон голот на Патрик Рибар, дозволувајќи му на Динамо само еден шут во рамките на голот.
Во завршните дваесет минути, ,,Лисиците” постигнаа дури четири погодоци и изборија продолжение, односно пенали.
Од игра, за домаќините стрелаа Брендан Лајпсик, Семјон Кошелев, Филип Маје и Денис Зернов.
Во пенал-серијата, голманот Васили Кошечкин не прими ниеден погодок, а освен Кошелев, противничката мрежа ја затресе Џош Кари.
Металург и понатаму остана на првото место на Истокот, додека, со десеттиот пораз на последните дванаесет средби, Динамо Минск падна на осмата позиција на Западот.