
Репрезентацијата на Шкотска ја заврши групната фаза од Европското првенство во карлинг со максимален учинок од девет победи.
Во последното коло, претставниците на Велика Британија ја поразија Норвешка со убедливи 8-3.
Шкотланѓаните, веднаш после полувремето, односно после шест ендови, водеа со 5-2, но им дозволија на противниците да дојдат до 5-3 во седмиот период.
Сепак, осмиот енд беше пресуден бидејќи шкотскиот капитен Брус Муат изведе неверојатен потег и ги примори Норвежаните да го предадат мечот, откако го однесе резултатот на конечните 8-3.
Освен Муат, одличен меч за Шкотска одигра и вториот играч Грент Харди, кој имаше стопроцентен број на успешно исфрлени противнички камења (9/9).
Среќа во несреќа за Норвешка беше и поразот на Чешка, кој ги остави Скандинавците на четвртата позиција и ги квалификува во полуфиналето.
Во првиот плејоф натпревар, Норвешка ќе игра токму против денешниот ривал, додека во второто полуфинале, Шведска ќе ги одмери силите со Италија.