
Четириесет и петтото издание на Џиро дел Трентино, односно шестото, откако ова натпреварување беше преименувано во ,,Трка низ Алпите”, беше решено во последната етапа.
Имено, конечен триумф запиша Роман Барде, кој со осмото место на последната петта делница, дојде до вкупно време од 18:59:29 часа.
Во последниот ден, Французинот му го презеде првото место на Пељо Билбао, кој накрај заврши како четвртопласиран (+0:37), откако изгуби цели дваесет секунди во однос на победникот.
Билбао ја доби зелената маичка со победата на втората етапа, а освен него, по еден триумф имаа уште Жофри Бушар, Ленард Кемна, Мигел Анхел Лопез и Тибо Пино.
На второто место во генералниот поредок заврши Мајкл Сторер (+0:14), а освојувачот на белиот дрес за најдобар млад возач, Тимен Аренсман (+0:16), ја освои конечната трета позиција.