По воведниот пораз, екипата на Ст. Килда Сеинтс запиша пет победи во низа од првите шест кола на новата АФЛ сезона.
Денес, ,,Светците” гостуваа на ,,Манука Овал” во Канбера, каде што ги поразија ГВС Џајантс со (8.12) 60-77 (10.17).
Ст. Килда подобро влезе во натпреварот, но пред полувремето, номиналните домаќини ја презедоа иницијативата.
Сепак, во второто полувреме, гостите од Мелбурн го вратија водството во свои раце и го задржаа до самиот крај.
Од поразениот состав, најефикасни со дванаесет, односно со тринаесет поени беа Мет Флин (2.0) и Калан Ворд (2.1).
Од противничкиот табор, солидни во офанзивата беа Макс Кинг (1.7) и Бред Крауч (2.0), а како убедливо најдобар се покажа Џек Хигинс (4.3).
На табелата, Сеинтс го држат второто место, додека ГВС паднаа на четиринаесеттата позиција.