
Металург Магнитогорск поведе за првпат во финалето на КХЛ, откако го доби третиот дуел од најважната серија.
Имено, ,,Лисиците” славеа на гостински терен против ЦСКА Москва со 0-4 и дојдоа до вкупна предност од 2-1.
Металург беше подобар тим во текот на цел натпревар, а клучна за триумфот беше реализацијата од 13,33% (4/30).
Двоен стрелец за победничкиот состав беше Брендан Лајпсик, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа Линус Видел и Јегор Јаковљев.
Помеѓу стативите на гостите стоеше Васили Кошечкин, кој дојде до вториот овосезонски шут-аут во плејофот со 33/33 одбранети шутеви.




