
Во последниот меч од деветтото коло на тековната НФЛ сезона, Балтимор Рејвенс ги надиграа Њу Орлеанс Сеинтс со 13-27.
,,Гавраните” водеа во текот на цел натпревар и влегоа во последните пет минути со убедлива предност од 6-27.
За гостите, два тачдауни имаше Кенјан Дрејк, еден запиша Ајзеа Лајкли, а останатите поени беа шутеви на Џастин Такер.
Квотербекот Ламар Џексон имаше 133 јарди од 13/22 додавања и уште 82 јарди со трчање.
Неговиот колега на спротивната страна, Енди Далтон, уфрли 210 јарди од 19/29 обиди, еден пресечен пас и еден тачдаун кон Џуван Џонсон.
Во Американската конференција, Балтимор (6-3) се искачи на третото место, додека Њу Орлеанс (3-6) падна на единаесеттата позиција во НФК.