
По четврт пат на последните пет меѓусебни натпревари, Амур Хабаровск успеа да запише триумф над Динамо Москва.
Во рамките на денешната КХЛ програма, ,,Тигрите” ги поразија претставниците на главниот град на Русија со резултат од 2-1 и прекинаа низа од 2010 без меѓусебен домашен триумф.
Гостите од Москва поведоа со 0-1 во првата третина, откако Дмитри Рашевски ја затресе мрежата на Јанис Калнинс.
Сепак, во вториот период, во интервал од две минути, домаќините направија победнички пресврт, благодарение на Сереј Лапин и на Денис Вихарев.
На Западот, Динамо остана на четвртата позиција, додека Амур го напушти дното и скокна на претпоследната позиција во Источната конференција.