
Екипата на Ст. Луис Блус е сопственик на најдолгата негативна активна серија во НХЛ.
Синоќа, Блус го запишаа седмиот врзан пораз, губејќи од Бостон Бруинс со 3-1.
После две третини, резултатот гласеше 1-1, откако за домаќините погоди Џејк ДеБраск, а за гостите – Брејден Шен.
Сепак, во последните осум минути, Бруинс постигнаа уште два гола преку Патрис Бержерон и преку Трент Фредерик.
Во Источната конференција, Бостон остана на врвот, додека Ст. Луис е последен на Западот.