
Чикаго Берс ја прекинаа серијата од пет порази, откако на Денот на благодарноста ги поразија Детроит Лионс со 14-16.
Лионс беа на чекор до првата победа во сезоната, но загубија во последната секунда со прецизниот филд-гол на Каиро Сантос.
Шутерот на Чикаго беше одговорен за уште девет поени на својот тим, а освен него, со тачдаун поентираше Џими Греам.
На чело на Берс стоеше стартниот квотербек Енди Далтон, кој уфрли вкупно 317 јарди, односно 123 кон својата омилена мета – Дарнел Муни.
Од редовите на Детроит, Џеред Гоф освои 171 јард од 21/25 прецизни додавања, а исто така запиша и два тачдауни преку Џош Рејнолдс и Ти Џеј Хокенсон.
Најистакнатиот ранинг бек на Детроит во тековната сезона, Д’Андре Свифт, имаше само три трчања за 0 јарди и мораше да го напушти натпреварот поради повреда.
Денешниот триумф ги искачи ,,Мечките” (4-7) на тринаесеттото место во НФК, а Детроит (0-1-10) останува на последната позиција како единствена екипа без победа.
Во соработка со НФЛ Македонија



