Филаделфија Флаерс го запишаа единаесеттиот последователен пораз, откако синоќа загубија со 6-3 од Бафало Сабрес.
Бафало стекна почетно водство после минута и пол, но Филаделфија успеа да направи пресврт заклучно со тринаесеттата минута.
До крајот на првата третина, домаќините дадоа уште три голови за водство од 4-2, а до последниот звук на сирената ги надиграа ривалите со дополнителни 2-1.
Голгетери за победничкиот состав беа тројца различни хокеари, кои постигнаа по два погодоци – Џеф Скинер, Тејџ Томпсон и Пејтон Кребс.
Од друга страна, за Флаерс, двоен стрелец беше Клод Жиру, а еднаш погоди Расмус Ристолаинен, кој беше член токму на Сабрес во изминатите седум сезони.
На табелата на Источната конференција, Филаделфија го зазема дванаесеттото, а Бафало – четиринаесеттото место, при што, двете екипи ги дели само еден бод.