Веспрем се пласираше во финалето од ракометниот Куп на Унгарија, откако вчера славеше во полуфиналето против Балатонфуреди со 43-26. Дејан Манасков со 5 гола беше втор стрелец, зад Македа кој даде 7 во тимот на Веспрем.
Противник во големото финале ќе им биде вечниот ривал Пик Сегед, кој во второто полуфинале беше подобар од Веспреми ККФТ. Финалето се игра од 19:45 часот.