Манекенката и пејачка Кристина Поп (Трпева) и тик токерот Душан Пауновски познат кај помладите како whoisdushan снимија заедничка нумера со наслов “Беби”.
Музиката и аранжманот, миксот и мастерингот се на Toby (Tolga Mazhar), додека автори на текстот покрај Toby се и Кристина и Душан. Спотот е снимен на локации во Скопје и Куманово, а го потпишува Јован Јанковски.
Уживајте во новата песна на Кристина и Душан “Беби” .