
Вашингтон Нешоналс се наоѓаат во голема резултатска криза, која синоќа беше зголемена со поразот од Филаделфија Филис од 6-7.
Претставниците на главниот град на САД, иако водеа со навидум убедливи 6-0 после пет ининзи, накрај успеаја да ја прокоцкаат предноста и да го запишат петтиот пораз во низа.
Од друга страна, Филис дојдоа до шестата последователна победа, откако забележаа три, односно четири поени во шестиот и во осмиот период од мечот.
Од редовите на домашниот состав, хоум-ран постигнаа Лејн Томас (+1) и Хуан Сото, а по четири бази освоија уште Алсидес Ескобар (х2) и Паоло Еспино.
За Филаделфија, во листата на поентерите се запишаа шест различни играчи, односно Одубел Херера, Брајс Харпер, Џеј Ти Реалмуто (х2), Ендру МекКачен, Фреди Галвис и Рафаел Маршан.
Со новиот триумф, Филис (69-64) скокнаа до седмото место во Националната лига, додека Нешоналс (55-77) ја заземаат дванаесеттата позиција.