Младата македонска пејачка Марија Данева го претстави официјалниот видеозапис за песната „Не знам јас да губам“, со која настапи на фестивалот „Макфест 2026“.Новото видео е објавено на нејзиниот официјален YouTube-канал, каде што за кратко време надмина 20.000 прегледи, привлекувајќи го вниманието на љубителите на македонската музика.
Автор на музиката и аранжманот е Владимир Дојчиновски, кој се погрижи и за миксот и мастерингот, додека текстот го напиша Огнен Неделковски.Видеото е продукција на Vacev Studio, со креативна насока и продукција на Вацев. Сценариото, камерата и режијата се дело на Ѓорѓи Вацев.
Песната веќе може да се слушне и на Spotify, Apple Music, Deezer и другите дигитални музички платформи.Со оваа објава, Данева продолжува да го промовира своето фестивалско музичко остварување и да ја доближува песната до пошироката публика.




