Дванаесеттата трка од новата велосипедска сезона беше 105. издание на познатиот класик Трка низ Фландрија.
Истиот се возеше во белгиската област Фландрија, на релација Антверп – Уденаарде, со должина од 254,3 километри.
На него, до втората победа на последните три трки на кои настапуваше дојде Каспер Асгреен (Декојнинк-Квик Степ), кој ја помина трасата за време од 6:02:01.
Данецот, во финишот, успеа супериорно да го натспринта минатогодишниот победник, Матје ван дер Пуел (Алпесин-Феникс), кој мораше да се задоволи со второто место.
Подиумот го комплетираше Грег Ван Авермет (+0:25), кој го освои подиумот во спринт-дуел со победникот на Милано – Санремо – Јаспер Стујвен.
Белгиецот Сеп Ванмарке заврши на петтата позиција, а во првите десет се пласираа уште: Вут Ван Аерт, Џани Вермеерш, Флоријан Сенехал, Ентони Туржис и Дилан ван Баарле.
📸 Tim de Waele/Getty Images