Втората овосезонска трка од Мото 2 категоријата се возеше во Катар за големата награда на Доха.
На неа, во возбудлив финиш, Сем Лоус дојде до втората победа во низа, откако вчера ја освои и втората овосезонска пол-позиција.
До последниот свијок, притисок на Лоус му правеше второпласираниот Реми Гарднер, а на третата позиција се пласираше Раул Фернандез.
Во продолжение, пласман во првите десет изборија уште: Марко Беѕеки, Аи Огура, Аугусто Фернандез, Челестино Виети, Стефано Манци, Чави Виерхе и Фабио Ди Џанантонио.
Во седмиот круг, додека беше во борба за подиум, Џоу Робертс излета од патеката и остана без пласман, а слична судбина како него имаа уште шест мотоциклисти.
📸 Mirco Lazzari/Getty Images