Втората трка од новата сезона во календарот на Мото 3 се одржуваше повторно во Катар, но овој пат за големата награда на Доха.
На неа, водечката група се држеше заедно од стартот до целта, а како победник излезе Педро Акоста.
16-годишниот Шпанец стана првиот победник што стартувал од пит-лејнот, а после второто место минатата недела, денес ја оствари и дебитантската победа.
На второто место се пласираше Дерен Биндер, а Николо Антонели го комплетираше подиумот.
Позади нив, во првите десет имаше уште двајца Италијанци, двајца Шпанци и тројца Јапонци.
Нивниот редослед гласеше: Андреа Мињо, Каито Тоба, Изан Гевара, Ајуму Сасаки, Рјусеи Јаманака, Хауме Масија и Романо Фенати.
Во завршните пет кругови, Филип Салач, Џереми Алкоба, Џон МекФи и Адријан Фернандез, останаа без пласман бидејќи излетаа од патеката во момент кога се наоѓаа во горната половина на пласманот.
📸 Steve Wobser/Getty Images