На денешното прво натпреварување од Светскиот куп во ски скокови во женска конкуренција, одржано во Зао (Јапонија), беше испишана нова историја.
Имено, Александрија Лути триумфираше за првпат во кариерата и стана првата Канаѓанка што запишала победа во Светскиот куп.
Лути беше убедливо прва и после двете серии, а должината на нејзините скокови изнесуваше 98,5 и 95 метри.
Зад неа, подиумот го пополни австриското дуо, составено од освојувачката на Силвестер Тур, Ева Пинкелних и од Кјара Кројцер.
Во продолжение, до шестата позиција, пласман изборија Зелина Фрајтаг, Ника Крижнар, Ана Одине Стром и Катарина Алтхаус, а позади нив се најдоа трите домашни натпреварувачки – Нозоми Марујама, Сара Таканаши и Јука Сето.
https://www.instagram.com/reel/CnWe_7BBRfw/?igshid=YmMyMTA2M2Y=