Најдобриот ракометен судиски пар од Македонија, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов вечерва во „Малме Арена“ со почеток во 18:00 часот ќе го судат натпреварот помеѓу Бахреин и Тунис.
Делегат на овој натпревар ќе биде нашиот Драган Начевски. Ова ќе биде прва задача за нашите судии на ова Светско првенство.