Вечерва во Краков во Полска, македонската ракометна репрезентација го започнува своето осмо учество на едно Светско првенство во ракомет.
Првиот натпревар на “четата” на Кире Лазаров е закажан за вечер од 20:30 часот против Норвешка.
Главна цел и примарна цел на репрезентацијата на Македонија е да се мине групната фаза. Ни сме во група со Норвешка, Холандија и Аргентина. За да се оствари целта ќе треба минимум една победа. Доколку не успееме, тогаш ќе учествуваме во Президент Купот.