
После пауза од пет години, АК Барс Казањ повторно се пласираа во финалето на КХЛ.
Имено, новите шампиони на Источната конференција, во полуфиналето, го добија Авангард Омск со 4-1, откако во петтиот дуел славеа со 3-2 после продолжение.
Во првата третина, ,,Јастребите” дојдоа до двојно водство со головите на Алексеј Береглазов и на Рид Бушер.
Сепак, за домаќините израмнија Дмитри Јудин и Кирил Адамчук, а конечната победа ја донесе Вадим Шипачјов.