Вчера во Струга пред полни трибини пред околу 3000 гледачи се одигра големото “Езерско дерби” во ВМФЛ во кое тимот на Караорман славеше против Охрид со 1:0. Победата на Караорман му ја донесе капитенот Ивица Келешоски со гол во финишот на првото полувреме.
Дербито беше од висок ризик поради традиционалното големо спортско ривалство помеѓу двата тима. На него присуствуваа двете навивачки групи домашните “Паткари” и гостинските “Рибари” и како што споменавме полни трибини со околу 3000 љубители на фудбалот. Дополнително отежнување беше доаѓањето на гостинските фанови со брод, близината од 15 километри на двата соседни градови, но домаќинот го положи испитот сето тоа организирајќи го на беспрекорен начин. Дури и обидот на неколку гостински хулигани после завршувањето на натпреварот и нападот врз полицијата беше одма спречен и не се дозволи никакво нарушување на безбедноста врз гледачите кои беа дојдени да уживаат во магијата на Езерското дерби.
Во продолжение уживајте во галеријата од Езерското дерби уловена преку објективoт на Влатко Василески: